НЕЗАМЕНЛИВИОТ Горан Стефановски и МАКЕДОНСКИОТ ПАТРИОТСКИ ГЕН- историја и иднина за сите генерации!!!

27 април, 20200
стефановски

Горан Стефановски. Вљубеник во англискиот јазик и литература, виртуоз на македонскиот пишан збор. Основач на Катедрата за Драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје во 1986 година. Писател на над триесет драмски дела за театар, радио и телевизија, меѓу кои: „Диво месо”, „Лет во место”, „Хај-Фај”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, „Демонот од Дебар Маало„, „Приказни од Дивиот Исток” и многу други. 

Горан Стефановски. Познавач на македонската душа, болка, радост, копнеж, самоуништување. 

Ова се само дел од неговите најпознати и безвременски цитати за Македонците како народ и Македонија како држава.

„Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога „т’гата” не е поради отсуство, туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си ја препознае домата.”

„Денес сé се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино.”

„Горд сум на нашата жилавост. И покрај сиот нарушен идентитет, заврзани раце, крпа во уста, обезличеност и распарченост, жив сум и гладен сум за живот. Знам дека ме има, според нападите со кои работат да ме снема. Знам дека сум, според упорноста со која се трудат да не сум. Мојата жилавост излегува од аванот во кој ме толчат и тиганот во кој се крчкам. Токму тој аван и тој тиган се моите места на моќ.”

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.”

„Ни треба макотрпна работа за да ја утврдиме и ускладиме нашата автентична и суверена приказна. Ни треба востание на визија, волја и ум; на упорен труд, медиумска лукавост и преговарачка вештина. Државите се прават со жртви и крв, но се чуваат со работа и памет.”

„…мислите сé што лета се јаде. Европа ве бара! Ѝ се прди на Европа за вас! Воздивнувате по Германија, а таткото што ги изгубил нозете да направи куќа е помија кој не знае два и два. И им пречи на Европјаните да прават кариера! Не знаете да се чувате…живеете на вересија…ќе загинете по некои дупки…ќе ве изедат пајажини…Името ќе ви се затре, коренот ќе ви се запусти, трага нема да остане од вас! Солзи немам да ве исплачам колку сте за тажење!”

И да … Ќе Ве замолам и Горан да го цензурирате.. за да Ве фати клетвата и на починатите и на живите Македонци …да Ви се сотре племето предавничко.. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *