Зошто жените кои се сингл подолго време се всушност најсреќни?

3 јули, 20200
sakanje 1

„ДА СЕ САКАШ СЕБЕСИ Е ПОЧЕТОК НА ДОЖИВОТНА РОМАНСА“ – ОСКАР ВАЈЛД

Можеби не се навикнати да бидат нечија девојка. Можеби постојано се сингл. Можеби некој ги оставил, а потоа не наишол „вистинскиот“ со кого би почувствувале дека би можеле да бидат во врска. Или, едноставно сакаат пауза и не се заинтересирани за врска. Овие жени, кои остануваат сингл се најсреќни, според истражувањата, а еве и зошто.

Најсреќни се зашто се чувствуваат удобно во својата кожа и своето секојдневие.

Овие жени ги поминуваат ноќите сами, но никогаш не се чувствуваат осамено. Одат сами на ручек или пак на шопинг, нечувствувајќи се чудно или непријатно зашто немаат друштво. Всушност, тие и сакаат да бидат сами и да уживаат во слободата.

Најсреќни се зашто го имаат целото време на светот за да бидат себични и да се фокусираат на своите цели.

Знаат што сакаат, колку е тоа важно за нив, па затоа и така се однесуваат. Тие буквално го грабаат животот – посветени се и страствени. Работат на себеси, учат нови работи, ги усовршуваат своите компетенции, ги остваруваат своите сништа.

Најсреќни се зашто за нив љубовта не е центарот на светот.

Нивната цел во животот не е да најдат момче. Не бркаат момци, туку своите сништа и желби, како и својата иднина којашто ќе ја изградат сами.

Жените кои се сингл подолго време се навикнуваат на тој стил на живот и уживаат во него. Идејата дека можеби никогаш нема да се омажат не ги вознемирува. Тишината не е пораз, туку инспирација за нив.

А, кога ќе запознаат некого, тогаш тоа ќе биде некој кој ќе ги инспирира и предизвикува да станат подобри. Некој кој ќе ги поддржува, некој кој ќе биде горд на нивниот успех, а не некој кој ќе бара таа да биде жртва за него и неговите интереси.

Зашто жените се силни индивидуи. Никогаш не се губат себеси додека се во врска. Тие никогаш нема да ги минимизираат своите желби, надежи или сништа само за да се адаптираат на оние на нејзиниот партнер.

Овие жени се најсреќни зашто бараат партнер кој ќе донесе уште поголема среќа и радост во нејзиниот живот. Партнер кој ќе направи да се чувствуваат уште посакани и посилни. Некој кој е веќе реализиран и среќен.

Е, токму ваков партнер и ваква врска треба да се чека, нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi