Медицински феномен: Која е жената која починала во 1951 а чии клетки се сеуште живи?!

popara4 септември, 20201min0
медицина


Името на Хенриета Лакс е запишано во учебниците по медицина, а нејзините „бесмртни“ клетки се користат со децении за исклучително важни медицински цели.

На оваа афроамериканка од сиромашно семејство, по потекло од Вирџинија, која пораснала на плантажи со тутун, и бил дијагностициран рак на грлото на матката на почетокот на 1951 година, кога имала 30 години.

Таа се лекуваше во „ Хопкинс“ затоа што тоа беше најблиската болница во која примаа афро-американски пациенти. За време на прегледот, докторот Хауард зел примерок од растот од грлото на матката на Хенриета и го испратил во патолошката лабораторија, каде наскоро било утврдено дека станува збор за клетки на рак, малигнен епидермоид.

Таа била упатена на зрачење, а за време на третманот и биле земени уште два примерока клетка и му биле предадени на американскиот научник со германско потекло, Џорџ Ото Геј. Во тоа време, Ото Геј ја основал Лабораторијата за култури на ткива и дизајнирал неколку уреди кои помагале во лабораториската клеточна култура, па затоа започнал да „расте“ клетки на рак од грлото на матката на Хенриета, пренесува порталот Наука низ стории.

За разлика од претходните обиди за одгледување клетки, кои успеа да ги одржи живи само неколку дена, Геј откри дека некои клетки на Хенриета постојано растат и не умираат по неколку поделби, па успеа да создаде клеточна линија со множење на истите. Во октомври 1951 година, Хенриета Лакс почина од рак кој метастазираше низ целото тело, но нејзините клетки формирани од примерок од ткиво сè уште се размножуваат, живеат и умираат во лабораторија. Ланецот на овие клетки стана бесмртен – се одржува со децении и е познат како клеточна линија HeLa.

View this post on Instagram

Yesterday marked the 100th anniversary of the birth of Henrietta Lacks (1920 -1951) commonly referred to as “the mother of modern medicine." Her cells have been used in experiments in labs around the world but were cultivated without her consent. Eventually, her story led to the rewriting of the rules around ethics in healthcare. Lacks, an African American tobacco farmer was diagnosed with an aggressive form of cervical cancer in 1951. Her doctor at Johns Hopkins Hospital in Baltimore obtained a biopsy from her cervix for diagnosis and treatment. A small part of her tissue was taken to the tissue culture laboratory without Lacks’ knowledge or consent, a common practice at the time. Nobody had yet successfully been able to keep human cells alive for a long period of time outside the body until Lacks' arrival. Dr George Gey, who was head of the tissue culture laboratory found that Lacks’ cells survived. From there, Lacks' cells were dubbed 'HeLa cells' by scientists to disguise their origin and became the first cells found to also replicate outside of the human body in culture & would go on to become the "most prolific and widely used human cell line in biology." Lacks sadly died from the disease 10 months after arriving at hospital at age 31, and was buried in an unmarked grave while her cells continue to be vital to studying diseases, (including covid-19 today) as well as for developing vaccines, HPV and for IVF. They have become the foundation of a multibillion-dollar industry. There are more than 17,000 patents and over 110,000 medical publications involving HeLa cells. Sadly however all of this was without Lacks' or her family's informed consent. In fact, the world only came to know about her contribution to medicine in the 1971, after Dr. Gey's colleagues published an article in a medical journal with Lacks' name in it and two years later Lacks' own family learned of her contributions after one of Lacks' daughters-in-law had dinner with a friend whose husband was a cancer researcher. Read more about this incredible story. #HenriettaLacks #science #medicine #health #blackhistory

A post shared by A r o n G a l a (@aron_gala) on

Освен фактот дека податоците за одгледување бесмртни клетки се фасцинантни, суштината на нивното одгледување е во тоа што тие се користат за бројни медицински тестови. Во следните години, на пример, биле користени за правење вакцина за детска парализа, која била тестирана на нив. Потоа, клетките на ХеЛа беа првите човечки клетки успешно клонирани во 1955 година, а во тоа време тие веќе беа во масовно производство и истражувачите сè повеќе ги бараа. Тие биле искористени за испитување на СИДА-та, ефектите на разни лекови и хемикалии, потоа рак и низа други болести.

Благодарение на нив, научната заедница доби околу 11.000 патенти и досега се одгледувани околу 20 тони клетки HeLa. Иако дури не се знае точно каде е гробното место каде е погребана Ханриета Лакс, на последователно поставената надгробна плоча е напишано дека нејзините бесмртни ќелии ќе продолжат да му помагаат на човештвото засекогаш.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag