Откако сме во изолација, сите се обидоа да го направат времето колку што е можно поинтересно. Многу од работите што сме ги плаќале до вчера сега се бесплатни, онлајн курсеви, филмови, емисии… Интернетот е полн со разни содржини кои можат да ни помогнат паметно да го пополниме нашето слободно време во изолација.
На сите тие убави идеи инфлуенсерите им одговорија со: „Не, благодарам, ајде да ја земеме перницата и да се сликаме“ – и така започна овој нов предизвик на Инстаграм што многумина со задоволство го прифатија. Доколку пребарувате на Инстаграм со #QuarantinePillowChallenge ќе видите околу 10.000 објави во кои (претежно) се жени кои позираат голи и имаат само перница на половината.
Секако, секоја фотографија е придружена со хаштагови како #stayhome и #staysafe. Ова може да биде добра идеја ако истиот #lookoftheday продолжи на улиците откако ќе заврши карантинот.