Долгонајавуваната контроверзна биографија за принцот Хари и Меган Маркл под наслов “Пронаоѓање на слободата” конечно е објавена и носи многу сочни детали кои на јавноста не и се познати.
Војводата и војвотката од Сасекс велат дека не се прашани за книгата и немаат придонес за приказната на авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд. И двајцата автори претходно работеле како новинари кои известувале за она што се случува на кралскиот двор.
Авторите тврдат дека информациите во книгата им ги дале пријатели и познаници на Меган и Хари.
Во врска со влошениот однос меѓу Вилијам и Хари, во книгата се вели дека сите биле исплашени токму за тоа, па дури и самата кралица Елизабета стравувала, додека Хари бил убеден дека семејството е подготвено да ги бутне Хари и Меган за да биде Вилијам прикажан во добро светло. Се смета дека токму Меган е причината за нарушениот однос меѓу браќата. И тоа не само меѓу нив двајца, туку Хари ги оладил односите и со пријателите.
Кејт исто така избегнувала контакт со Меган. По службата во чест на денот на Commonwealth која се одржала на 9 март оваа година, Меган го резервирала првиот лет за Канада и ја напуштила Велика Британија повредена и исцрпена.
Наводно Меган била жртва на расистички и сексистички напади во Британија и од страна на новинарите и од страна на семсејсвото.
Книгата има 24 поглавја и 349 страници. Хари целиот живот сакал нормален живот. Меѓу податоците во книгата стои и тоа дека Меган развила многу близок однос со принцот Чарлс и дека го смета за втор татко.
Веројатно нема да има реакција од кралското семејство во однос на книгата, монархијата не функционира на тој начин. Но останува да видиме како на книгата ќе реагира публиката.