Откриено е зошто кралицата со години ја обвинуваше Дијана за разводот!

popara9 ноември, 20201min0
елизабета

Елизабета Втора својата снаа ја гледаше како единствена виновничка за крајот на бракот

Кралското семејство и односите на кралските членови отсекогаш биле теми што ја интригираат јавноста, а една од најинтригантните беше, и се уште е, трагичната смрт на принцезата Дијана од која се поминати цели 23 години. Иако нејзиниот брак со принцот Чарлс, со кого имаше два сина, принцовите Вилијам и Хари, заврши една година пред нејзината смрт поради прељубата на принцот со денешната сопруга Камила Паркер Боулс. Сепак овој развод е една од темите на која се водат бројни полемики.


Според авторот Ендру Мортон, во времето на еден од најголемите скандали што го потресе британското кралско семејство, кралицата Елизабета Втора не го гледаше својот син како главен виновник за разводот, туку принцезата Дајана.

Имено, новинарот и писателот на биографиите на кралските членови, појаснил дека кралицата за разводот на бракот ја обвинила својата снаа и болеста што таа ја имала, за која се борела со години и за која еднаш зборувала јавно.

„Дијана имаше булимија. Кралицата секогаш велела за неа дека е нервозна како коњ на трка и дека се однесува како мало дете. Подоцна, кога нејзиниот брак се сруши, тие ја обвинија за нејзиното однесување предизвикано од булимијата “, изјави експертот за кралското семејство, кој додаде дека токму болеста на Дијана, во очите на кралицата, ја нарушило сликата за идеален пар во јавноста.


Меѓутоа, не сите се согласуваат со овие тврдења, па со текот на годините, многу медиуми пишуваа дека различни блиски извори до кралското семејство откриле дека и кралицата и нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, ставиле до знаење дека тие за крајот на бракот го обвинуваат исклучиво, принцот Чарлс, кој не ја криеше својата приврзаност кон Камила, која беше две години постара од него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag