Гурманско јадење кое ќе го обожавате!
Потребни состојки за три лица:
- три пилешки филети
- моцарела сирење – 100 грама
- брашно 250 грама
- шест изматени јајца
- презла 230 грама
- масло – една чаша (околу 200 мл)
- пасирани домати 700 грама
- пармезан 50 грама
- две лажици свеж босилек
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Посолете ги пилешките филети и исечете ги на средина со нож. Ставете моцарела и пармезан во средината и добро притиснете за да се затворат. Одделете го брашното, јајцата и презлата во три различни чинии. Пазејќи да не се отвори месото, натопете го пилешкото едно по едено во брашното, потоа во јајцата и на крај во презлата. Загрејте го маслото во тава на средна топлина и печете го пилешкото од двете страни додека не добијат златна боја. Загрејте ја рерната на 180°C. Во сад за печење, рамномерно распоредете 2/3 од сосот од домати и паспоредете го пилешкото. Истурете го остатокот од сосот преку месото. Печете околу 20 минути.
Добар апетит!