3 едноставни италијански јадења: Се прават за точно 10 минути! (РЕЦЕПТ)

23 ноември, 2020
231863_shutterstock-534789109_ls

Доколку немате волја да останете долго во кујната, овие три рецепти се сѐ што ви треба за првите есенски денови

Њоки со пршута

Состојки:

1 лажица путер

100гр неутрална павлака за готвење

90гр пршута

Неколку ливчиња свежа или сушена жалфија

1 помало чешне лук

½ лажичка сенф

Сол и бибер по желба

500гр њоки

Подготовка:

Во топла тава стопете лажичка путер и додадете неутрална павлака, оставете ја да се загрее и додадете исецкана пршута и мало чешне лук. Додадете сол и оставете да зоврие.

Сварете њоки полнети со сирење во топла, врела и солена вода. Кога ќе се сварат, измешајте ги со подготвениот сос.

Во добиениот сос, додадете бибер по желба, половина лажичка сенф и три лисја од жалфија, со прстите искинете ги на поголеми парчиња. Промешајте и сервирајте.

Шпагети ала Амартикана со сланина

Состојки:

1 феферонка или ½ лажичка лут чили сос

150гр сецкана сланина

500гр пасирани домати

1 чешне лук

Маслиново масло

400 или 500гр тестенини/ шпагети

80гр рендан кашкавал

Подготовка:

На малку маслиново масло издинстајте лук и исечкана сланина. Не треба да се пржи или да стане крцкава, само треба да пушти малку маснотии, па додадете ги пасираните домати. Сварете ги тестенините во солена вода за да бидат ал денте, исцедете ги и зачувајте малку вода од варењето. Додадете ги тестенините во сосот, па над него изрендајте сирење, доколку е потребно, додадете малку вода од варењето.

Тестенини во бел сос со спанаќ

Состојки:

400гр тестенини

2 лажички путер

2 чешниња лук

250мл млеко

170гр крем-сирење

80гр рендан пармезан

250гр свеж спанаќ

Сол и бибер по желба

Подготовка:

Во длабока тава, стопете го путерот и на кратко издинстајте го лукот, за да омекне и да ја ослободи аромата. Во тавата додадете млеко и срем-сирење и изрендан пармезан и мешајте додека не зоврие сосот. Потоа додадете свежо мелен пипер и по желба свеж спанаќ. Гответе додека спанаќот не се свари. Ставете ги сварените тестенини во сосот и оставете ги да се крчкаат уште неколку минути.

escort - Korsan taksi