8 Старбакс пијалоци кои можете да ги направите дома

14 април, 20200
starbucks

Сите го сакаме Старбакс! Секако, можеби сме потрошиле многу на него, но тоа е проблем кој ќе го решиме друг ден. Тоа е место каде ги наоѓаме нашите омилени кафиња и слатки. Ви претставуваме како да направите 9 Старбакс пијалоци дома! Подгответе се за големо уживање, баристи!

Iced Starbucks Caramel Macchiato

Состојки:

400 мл. млеко По ваш избор

2 лажици сируп од ванила

50 мл. еспресо (или повеќе/помалку – по желба)

Мраз

Прелив од карамела – по желба

Подготовка:

Додека се прави вашето еспресо, започнете да го загревате млекото. Изматете го млекото со употреба на маталка за млеко. Но ако немате специјална маталка за млеко, можете да ја искористите и онаа обична маталка за готвење. Матете го млекото додека не се формира пена.

Кога ќе е готово, истурете го еспресото во чаша за мерење. Додадете ја ванилата и млекото во чашата. Потоа, истурете го еспресото на врвот на пенливото млеко.

Направете два круга со карамелата околу рабовите на чашата. Истурете ги состојките од мерната чаша во вашата чаша.

Double Chocolate Chip Frappuccino

Состојки:

1 чаша млеко по избор

2 лажици шеќер

1/3 чаша чоколади трошки

3 лажици чоколаден сируп

2 чаши мраз

1/8 лажичка ванила

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки.

Pumpkin Spice Latte

Состојки:

1 1/2 лажици шеќер

2 лажици пире од тиква

1/2 лажичка зачин за пита од тиква

1/2 чаша сварено кафе

1/2 чаша млеко

Подготовка:

Додадете ги сите состојки во тенџере и промешајте. Тргнете го тенџерето од оган и истурете ја смесата во шолја по ваш избор и додајте одозгора шлаг, чоколадни трошки и зачин за пита од тиква или цимет.

Pink Drink

Состојки:

4 ќесички чај од Акаи Бери

1 чаша врела вода

1/2 чаша сок од бело грозје

1-2 чаши незасладено кокосово млеко

Свежи исечени јагоди

Сок од агаве за сладост

Подготовка:

Во чаша за мерење ставете ги четирите ќесички чај и истурете ја врелата вода над нив додека не се олади. Потоа исцедете ги и фрлете ги.

Истурете го сокот од бело грозје во мерната чаша со чајот. Потоа, надополнете ја чашата со мраз и додадете околу 1 чаша од мешавината од чај и сокот од бело грозје. Дополнете го со саканата количина кокосово млеко. Додадете ги исечените јагоди и по желба додадете засладувач.

Green Tea Frappuccino

Состојки:

10 коцки лед

1 чаша полномасно млеко или млеко по ваш избор

1 лажичка екстракт од ванила

3 лажици шеќер во прав

1 и пол лажица премиум Јапонски мача зелен чај

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер додека не се изедначат, смесата не стане кремаста и додека не ја добие таа прекрасна зелена боја.

Passion Fruit Tea Lemonade

Состојки:

2 кесички чај од мешавина од хибискус, роза и цимет

4 чаши вода

4 чаши лимонада

Подготовка:

Ставете ги 4те чаши вода на вриење со цел да ја истурете врелата вода на чајот. Ставете го чајот да отстои околу 5-10 минути, а потоа процедете го. Пополнете го остатокот со лимонадата. Чувајте го во фрижидер додека не се олади.

Iced Chai Tea Latte

Состојки:

2 ќесички масала чај

1/2 чаша вода

1 1/2 чаши млеко по ваш избор

2 лажици мед

Цимет и морско оревче

Подготовка:

Во мал сад, зовријте ја водата и додадете ги чајните ќесички и оставете ги да отстојат 7-10 минути. Потоа додадете ги млекото и медот. Измешајте се додека не се згусне. Турете ја смесата во чаша по ваш избор и на врвот наросете цимет и морско оревче.

Iced Vanilla Latte

Состојки:

2 шолји оладено сварено кафе

1/2 чаша млеко или алтернатива на млеко

2 лажици сируп од ванила

1 чаша мраз

Подготовка:

Наполнете две чаши со мраз. Измешајте ги кафето, млекото и сирупот од ванила пред да истурите врз мразот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi