Без печење и желатин- рецепт за розев чизкејк од јагода

20 април, 20200
јагода

Искористете ја сезоната на јагоди за да направите една специјална верзија од омилениот чизкејк.

Состојки за чизкејк со јагоди

– 150 грама бисквити

– 90 грама путер

– 400 грама бело чоколоадо

– 350 крем сирење

– 300 грама јагоди

– 200 мл слатка павлака

– 1 голема лажица шеќер по потреба

Начин на подготовка

1. Измелете ги бисквитите. Стопете го путерот, добро измешајте го со бисквитите и потоа смесата ставете ја во кружен калап со дијаметар од 20 цантиметри. Притиснете ја смесата максимално во калапот. Потоа калапот ставете го да стои во фрижидер 45 минути.

2. Исчистете ги и измијте ги јагодите. Изблендирајте ги во пире

3. Искршете ја чоколадата на коцки и прелејте ја со топла слатка павлака. Добро измешајте и оставете ја смесата да се олади и стврдне. Потоа во нејзе додадете го крем сирењето кое претходно малку сте го измешале, а потоа и пирето од јагоди. Мешајте сè полека и рачно, никако со миксер.
4. Ставете ја смесата во калап , малку израмните ја и оставете да се олади преку ноќ, минимум 15 часа. Тортата можете да ја ставите и во замрзнувач и да ја послужите како сладолед торта.

Совети:

Со оглед на тоа дека оваа торта има многу мека текструра, немојте да го прескокнувате ладењето бидејќи нема да можете да ја сечете и сервирате нормално.

Не користете “light” немасни крем сирења за торта, туку задолжително земете полномасна варијанта бидејќи во спротивно кремот нема добро да се стврдне.

Ако тортата не ви се стврднала добро, пред сервирање ставете ја во замрзнувач да стои еден час.

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *