Без печење: Совршена орео торта со само 4 состојки

29 мај, 20200
torta

Освежувачки и едноставен десерт за секоја прилика.

Состојки:

3 филџани слатка павлака

½ филџан шеќер во прав

1 лажичка естракт од ванила

64 орео колачиња + за декорација

Подготовка:

Во голем сад измешајте ги слатката павлака, шеќерот во прав и ванилата. Матете со миксер додека не добиете цврста смесма (шлаг). Дното на садот во којшто ќе ја ставите тортата, премачкајте го со тенок слој од шлагот и одозгора наредете околу 16 орео колачиња. Преку нив истурете го шлагот и повторно ставете од орео колачињата. Повторувајте ја постапката се додека имате материјал. Откако ќе завршите, премачкајте ја тортата со шлаг и оставете ја во фрижидер  најмалку 4 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *