„Божиќен“ рецепт со ѓумбир и тоник!

3 ноември, 2020
bozik

За љубителите на џин и тоници, денес ви предлагаме една зимска варијанта на овој омилен коктел. Овој пат е збогатен со вкус на ѓумбир. Поточно, амарето, кое со помош на неколку „зимски“ зачини добива препознатлив вкус на ѓумбир и со додавање на тројна сека создава навистина посебен џин и тоник.

СОСТОЈКИ :

  • 125 мл амарето
  • 1 стапче цимет
  • 1 sвезден анасон
  • 1 парче ѓумбир (со големина на лажичка)
  • малку рендано морско оревче

СОСТОЈКИ за тоникот:

  • 60 мл џин
  • 90 ml тоник
  • 20 мл зачинето амарето
  • 10 ml тројна сека
  • Неколку коцки мраз

ПОДГОТОВКА:

  1. Прво направете зачинето амарето затоа што мора да стои пред употреба. Ставете амарето, цимет, анасон, ѓумбир во стаклена тегла со капак и изрендајте малку морско оревче. Промешајте, затворете и оставете да отстои 24 часа за да се проникнат сите вкусови.
  2. По 24 часа исцедете го амарето и тој е подготвен за употреба.
  3. Ставете го амарето, џинот, троен сек и мраз во шејкер. Протресете добро и истурете во чаша, па истурете го тоникот во него и послужете.