Брз ручек: Паста со пилешко и песто во кремас сос

30 март, 2020
r

Вкусен оброк за двајца за само половина час

Состојќи:

  • 300гр тестенини
  • 350гр пилешко
  • 2 полни лажици сос од песто
  • 400 мл павлака за готвење
  • пармезан
  • зачини

Подготовка:

Сварете ги тестенините. За ова време убаво испржете го пилешкото, а потоа исечете го на коцки. Пестото измешајте го во павлаката за готвење. Исцедете ги тестенините и додадете ги во тавата со пилешко. Прелијте ја мешавината од сос од павлака и песто. Зачинете по вкус. Оставете ги на тивок оган  додека да се свари павлаката.

Послужете топло.