Брза и ВКУСНА американска пита со пилешко која ќе ја обожавате! (РЕЦЕПТ)

15 септември, 2020
profimedia-0316044831-725x483

Американската пита обично се прави со јаболка или цреши, но – кој рече дека не може да биде солена? Брза американска пита со пилешко може лесно да стане омилен ручек во вашето семејство.

Исто како шпанската пита, која некои би ја јаделе за појадок, ручек и вечера, и американската пита со пилешко месо е полн оброк, содржи и тесто и месо и зеленчук. Најдовме одличен рецепт на веб-страницата Ју мама.

Состојки:

500гр пилешки гради

200гр шампињони

200гр моркови

150гр грашок

100гр кромид

350мл пилешка супа

100мл млеко

2 лажици брашно

½ кафена лажичка сол

¼ кафена лажичка бибер

2 лажици маслиново масло

250гр лиснато тесто

1 жолчка, 1 лажица вода- за премачкување

Подготовка:

Исечете го пилешкото на помали парчиња, морковите, печурките и кромидот исечете ги на мали коцки.

Во длабока тава, загрејте го маслото и испржете го пилешкото до златно. Извадете го и испржете го кромидот во истото масло. Додадете шампињони и продолжете да крчкате додека не испари целата течност, а потоа вратете го пилешкото во тавата, заедно со морковите, грашокот и зачините. Добро промешајте, истурете ја супата и варете 15 минути. Измешајте млеко со брашно, додадете пилешко и варете уште неколку минути додека не почне да се згуснува.

Тргнете го од шпоретот и ставете ја смесата во огноотпорен сад. Расукајте го лиснатото тесто на половина сантиметар и покријте го садот (или садовите) со пилешкото. Притиснете го тестото да се залепи на работ од садот и премачкајте го со жолчка од јајце измешана со лажица вода. Ставете ја во рерна загреана на 200 ° C и печете околу 20 минути или додека не се испече тестото.

escort - Korsan taksi