13 август, 2020

Јајцето е храна со високо ниво нахранливи состојки, односно е одличен извор на протеини, а содржи дури петнаесет витамини и минерали. Идеално е да го јадете за појадок, а со некои други состојки станува супер-оброк. Овој здрав оброк се подготвува брзо, така што веќе немате изговор да го прескокнете појадокот.


состојки:

2 јајца

2 лажици варен грашок

60 грама сецкани свежи домати

120 грама свеж сецкан спанаќ

тортили

малку путер

сол

Бибер или други зачини (по желба)

Начин на подготовка: Измешајте јајца со малку сол. Се топи путерот и додека е жежок додадете ги изматените јајца. Веднаш додадете грашок, домати и спанаќ. Добро измешајте па додадете ги останатите состојки. Ставете јајца со зеленчук на тортилја, направете ролна и уживајте во вкусно јадење.

Остави коментар

Почетна // Eat & Drink Story // Бурито со јајца и зеленчук: Подгответе совршен појадок за 5 минути
Горе