ЧИЗКЕЈК ОД ТИКВА КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ: Совршен есенски десерт, можат да го подготват дури и почетници! (РЕЦЕПТ)

8 ноември, 2020
pita

Подгответе го и воодушевете го вашето семејство!

Пита од тиква е прекрасен есенски десерт, заситувачки и лесен за подготовка. Овој рецепт е верзија која го „меша“ овој традиционален десерт со чизкејк.

Дури и ако не треба да ја вклучувате рерната? Секој би го посакал на својата есенска трпеза!

Прочитајте како да ја направите оваа вкусна пита!

Состојки:

250гр крем сирење

250гр варена тиква

100гр кафеав шеќер

½ лажичка цимет

½ лажичка мелено морско оревче

300мл шлаг

200гр бисквити/крекери

8 лажици путер

Подготовка:

Изблендирајте ги крекерите во блендер и соединете ги со стопениот путер. Притиснете ја добиената мешавина во калапот за пита и формирајте ја долната кора и рабовите. Ставете го во фрижидер веднаш да се зацврсти.

Изматете го крем сирењето и кафеавиот шеќер, додадете ја тиквата и зачините.

Изматете цврст шлаг и измешајте го со шпатула со кремот од тиква. Премачкајте го добиениот фил на кората и оставете сè заедно во фрижидер најмалку два часа.

escort - Korsan taksi