1 април, 2020

Радио

Состојќи:

  • 140 грама брашно
  • 70 грама какао во прав
  • 50 грама шеќер
  • 2 лажици мед
  • 2 зрели банани
  • 1 јаболко
  • 1 јајце
  • 50 грама путер
  • 5 лажици масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 50 грама темно чоколадо
  • 100 грама ореви

Подготовка:

  • Во брашното додадете ги какаото и пецивото во прав.
  • Исечете ги оревите и чоколадото, а половина од нив оставете за декорација.
  • Стопете го путерот.
  • Јајцето матете го со шеќерот додека не добиете пена.
  • Додадете екстракт од ванила, мед, сол, путер и масло.
  • Испасирајте ја бананата со вилушка, а јаболкото излупете го, а потоа изрендајте го.
  • Додајте ги во смесата со јајца, а потоа додадете ги сувите состојки и добро измешајте.
  • Промешајте ги сецканите ореви и чоколадо.
  • Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење.
  • Посипете го со остатокот од чоколадото.
  • Печете на 180 Целзиусови степени околу 50 минути.
  • Оладете и украсете по желба, така што површината ќе ја премачкате со мед што е малку разреден со вода и додадете ги сецканите ореви.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Чоколаден банана леб со јаболки и ореви: Неодолив боженствен вкус кој се памети!
Горе