Чоколадни принцес крофни со млечен крем

15 јули, 2020
9

Овој рецепт ќе ви покаже како од Орео колачињата да направите стар десерт на нов начин, на кој никој нема да може да му одолее.

Состојки (за 15-20 парчиња):

  • 25 Орео колачиња
  • 2 жолчки
  • 470 ml смеса од млеко и неутрална павлака во сооднос 1:1
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици густин
  • 240ml вода
  • 8 лажици путер
  • 8 лажици брашно
  • 4 јајца

Начин на подготовка:

Со помош на нож отстранете го филот од колачите и поделете ги во две посебни чинии.

Чоколадниот дел ставете го во блендер и мешајте додека парчињата не станат ситни.

Во тенџере на тивок оган ставете ги жолчките, смесата од млеко и павлака, шеќерот и густинот. Зголемете ја малку температурата и постојано мешајте за да не се направат грутчиња. Додадете половина од филот од Орео бисквитите. Мешајте додека не добиете едноличен крем.

Ставете го кремот во чинија која ќе ја покриете со пластична фолија, така што ќе ја притиснете фолијата до самиот крем за да не се создава кора на површината.

Почекајте некое време.

Во тенџере ставете ги водата и путерот и оставете да зовријат. Додадете го брашното и половина од искршените колачиња, мешајќи додека не добиете хомогена смеса која ќе се одлепува од тенџерето.

Додадете ги јајцата едно по едно, не престанувајќи со мешањето. Префрлете ја смесата во шприц за декорирање.

На хартија за печење направете форми на круг со дијаметар од околу 4-5 cm. Печете 20-25 минути во претходно загреана рерна на 220 степени.

Ставете го кремот во шприц за декорација и со помош на нож направете мали дупки во испечените колачи кои ќе ги исполните со подготвенит крем.

Загрејте го во микробранова филот што го извадивте од колачињата околу 30 секунди.

Секоја принцес крофна брцнете ја кремот во филот и декорирајте го со остатокот од блендирани колачиња.