Cloud bread е замена за леб од само три состојки (РЕЦЕПТ)

29 септември, 2020
a2deedd67a15137beb51

Немојте да мислите дека заборавивме на популарниот cloud bread… Покрај основната, ви донесуваме и верзија за pizza cloud bread.

Cloud bread е одличен рецепт за подготовка бидејќи е безбеден за скоро секоја диета и вид на исхрана. Безбеден е за оние кои не консумираат глутен и житарки, а исто така е одличен и за луѓето кои држат кето диета бидејќи содржи многу малку јаглени хидрати.

Рецептот подолу се состои од само три состојки и ви ја носи основната верзија, а ако сакате да направите „мали модификации“ и да подготвите pizza cloud bread со основните состојки, треба да додадете лажица италијански зачини, две лажици рендана моцарела или пармезан и две лажички сос од домати.

Состојки за обичен cloud bread:

3 јајца

60гр крем сирење

Прстофат сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150С и обложете го плехот со хартија за печење.

Одвојте ги белките од жолчките во два сада со средна големина. Додадете сол во белките и направете цврст снег со помош на миксерот.

Во жолчките додадете го крем сирењето, а потоа со помош на рачен миксер матете додека смесата не се соедини ( Доколку правите pizza cloud bread во жолчките додајте 1 лажица италијански зачин, изрендан кашкавал по желба и 1 лажици сос од домати)

Смесата со белките додадете ја во смесата со жолчките и нежно измешајте со лажица да се соедини смесата.

Со лажица вадете од смесата и обликувајте го лебот директно во обложениот плех со хартија за печење.

Печете додека лебот не добие златна боја, 25 го 30 мин