Дали сте пробале домат полнет на ваков начин?

4 мај, 2020
домат

Еве ви предлог за ручек за утрешниот ден

Состојки:

– 500 гр бело пилешко месо

– 1 чешне лук

– 50 гр копар

– нане

– 1 лажица ворчестер сос

– сок од половина лимон

Подготовка:

Исечете домати на половина, со лажица исчистете ги семките, посолете ги и оставете ги на решетка да се цедат половина час.

Исчукајте го белото месо и исечете го на тенки шницли.

Излупете го лукот и исечкајте го. Измијте ги тиквиците и пресечете ги на кругови. .

Пржете го пилешкото во тавче 5 минути.

Додадете го копарот, лукот, сокот од лимон, ворчестер сосот, сол и бибер. Промешајте и пржете уште 5 минути.

Извадете го месото и оставете го на страна, а во истата тава динстајте ги тиквичките 10 минути. Ако е потребно, додадете малку вода.

Тиквичките и месото исечкајте ги ситно за да добиете соединета маса.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Наполнете го доматот со филот од пилешко и тиквица, ставете бибер и наредете ги во огноотпорен сад.

Печете околу 30 минути а потоа извадете го и оставете го да се олади.

Исецкајте го нането и посипете го врз полнетиот домат.