Дали ви е преку глава од месо за ручек?! Пробајте го овој рецепт за вкусна и здрава лазања со спанаќ

22 ноември, 2020
1282115

Традиционалната лазања е навистина ручек кој секој го сака, но бара многу работа. Покрај тоа, на многу луѓе не им е дозволено да јадат толку тешка храна за време на летните жештини, па затоа денес ви претставуваме многу поедноставна, полесна и подеднакво вкусна алтернатива. Лазањите со спанаќ и рикота, кои можат да ги јадат и вегетаријанците, се наши омилени во летните месеци и сигурни сме дека, откако ќе го пробате рецептот, тој ќе стане и ваш омилен рецепт.

Состојки:

750гр варен спанаќ

500гр рикота

80гр маргарин

80гр брашно

1л млеко

150гр рендан пармезан

Тестенини за лазањи

Сол

Бибер

Подготовка:

1. Оставете го сварениот спанаќ да се олади на страна и во меѓувреме подгответе го бешамел сосот. Се топи путерот во тенџере и се додава брашното. Промешајте брзо за да не се формираат грутки. Кога брашното е целосно растворено, додадете го млекото и мешајте десет минути додека сосот не се згусне. На крај, посолете и додадете бибер во сосот.

2. Во садот со спанаќ, додајте го рикота сирењето, зачинете со сол и бибер и добро измешајте.

3. Лазанијата најдобро се пече во квадратни керамички садови, но исто така ќе послужи и подлабок лимен плех. Дното на садот премачкајте го со тенок слој бешамел сос. Врз нив распоредете ги тестенините, премачкајте ги повторно со бешамел и наредете спанаќ и поросете со пармезан.

4. Истиот процес повторете го уште три пати, распоредувајќи ги тестенините, бешамелот, спанаќот и пармезанот по ред. Можете да додадете дополнителн сол на секој слој ако сакате да јадете добро зачинета храна.

5. Печете во рерна загреана на 180 степени 45-60 минути.

Пријатно!