Десерт од само 6 состојки: Во Њу Јорк се прават редици заради овој пудинг од банана! (РЕЦЕПТ)

28 септември, 2020
229205_shutterstock-760692022_ls

Многумина тврдат дека најпопуларната верзија на денешницата ја прави Њу Јоршката пекара и слаткарница Магнолија, чии десерти со часови се чекаат во редови…

Пудингот од банана е популарен десерт што се јаде во САД со децении. Станува збор за едноставен пудинг од ванила кој е збогатен со зрели банани и шлаг.

Многумина тврдат дека најпопуларната верзија на денешницата ја прави Њу Јоршката пекара и слаткарница „Магнолија“, чии десерти се чекаат во редови со часови.

Списанието „Eater“ го сподели рецептот на готвачот Боби Лојд од слаткарницата „Магнолија“ за пудинг од банана, кој се состои од само шест состојки, а кој многу лесно може да се направи дома.

Состојки:

720мл слатка павлака

400мл слатко кондензирано млеко

350мл ладна вода

300гр бусквити од ванила

100гр инстант пудинг од ванила

4-5 многу зреил банани

Подготовка:

1. Во сад измешајте кондензирано млеко и ладна вода. Постепено додавајте инстант пудинг во добиената мешавина. Мешајте додека не се растопат сите грутки. Покријте го садот со крпа и ставете го во фрижидер да се олади еден час, или можеби преку ноќ.

2. Слатката павлака изматете ја во шлаг.

3. Изладената смеса за пудинг внимателно промешајте ја во шлагот додека не се соединат состојките.

4. Ставете третина од смесата на дното на проѕирен сад, распоредете бисквити и прстени од банана над кремот. Повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки.

5. Покријте го садот со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 4 до 6 часа. Послужете ладно.

Совет плус:

Бананите мора да бидат екстра зрели. Колку е позрела бананата, толку посладок ќе биде пудингот.

escort - Korsan taksi