Домашен пудинг со чоколадо: кремасто задоволство готово за 10 минути!

17 февруари, 20220
Screenshot_7

Ако им го спремите на домашните овој рецепт, верувајте дека ќе го снема додека се свртите?

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 100 грама шеќер
  • 60 грама чоколадо (мин. 50% какао)
  • прстофат сол
  • 3 лажици брашно од скроб
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Измешајте поголем дел од млекото, приближно 400 мл, со шеќер и исецкано чоколадо, додадете прстофат сол, а потоа ставете ги на тивок оган и мешајте додека чоколадото не се раствори.

Во мала чинија измешајте го брашното од скроб со остатокот од млекото. Исмешајте убаво, без да ви останат грутки.

Истурете во чоколадната мешавина, а потоа гответе на тивок оган и промешувајте.

Кога смесата ќе почне да се згуснува, намалете ја топлината до крај и гответе ја уште една минута со постојано мешање.

Тргнете ја од ринглата, додадете го екстрактот од ванила и истурете во подготвените тањирчиња.

Покријте ги со проѕирна фолија, и оставете ги на собна температура.

Потоа ставете ги во фрижидер најмалку три часа.

Послужете ги ладни!

Наздравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *