ДОМАШНИ ИНТЕГРАЛНИ БИСКВИТИ ЗА САМО 20 МИНУТИ! Здрави колачи кои се идеални за ДИЕТА! (РЕЦЕПТ)

4 ноември, 2020
keks

Додатокот на протеин и шумско овошје го прават овој домашен бисквит исклучително здрав, погоден за сите оние кои спортуваат, а погоден е и за оние кои се на диета.


Состојки:
-1 чаша овесна каша
-1 чаша брашно

-50 гр протеински прав (вкус по желба)
-1 чаша грчки јогурт
-1/2 чаша мед
-кора од лимон

-1 ванилин шеќер
-1 лажичка прашок за пециво
-1/2 лажичка сода бикарбона
-прстофат сол
-1 чаша боровинки

Подготовка:
Изблендајте го овесот, потоа додадете ги сите други состојки и изедначете ја смесата. Додадете ги боровинките и накратко вклучете го блендерот уште десет секунди. Подмачкајте го плехот за печење и ставете хартија за печење.

Извадете го тестото со лажица, и притиснете го малку за да формирате бисквит. Оставете доволно простор меѓу нив бидејќи тие ќе нарастат. Печете десет минути, на температура од 180 степени, додека не добијат златно-кафеава боја. Оставете ги да се изладат.

Чувајте ги во фрижидер, во затворен сад.

escort - Korsan taksi