Едноставна чоколадна торта: Само за вистинските љубители на благо

29 мај, 20200
219669_kolac_ls

Овој рецепт со причина е наречен чоколадна фантазија!

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици масло за јадење
  • 6 лажици млака вода
  • 6 лажици млеко
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашак за пециво
  • 2 лажици какао

Сите наведени состојки изматете ги во длабок сад. Потоа ставете ги да се печат 25 минути на 180 степени.

Потребни состојки за фил:

  • 250ml вода
  • 2 – 3 лажици шеќер

Се става на рингла додека да зоврие. Доволни се 7 минути.

Претходно испеченото тесто го преливате со врел шербет.

Загревате 500ml слатка павлака во која додавате 300г црна чоколада. Мешате се додека чоколадата не се растопи. На крај, филот истурете го преку тестото и оставате го да се затегне.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi