Еве како да направите совршена пена за капучино во микробранова печка!

27 април, 20200
capuchino

Совршена капучино пена може да се направи дома иста како од твоето омилено кафуле, а тајната е во млечната пена. Ќе ви го кажеме процесот на правење кремаста пена во само два лесни чекорa со помош на микробранова печка. Задоволството е да пиете вкусно капучино во вашето омилена кафуле, но кој вели дека не можете да направите капучино како од кафулето и да уживате дома?! Она што го прави капучино уникатно е кремаста млечна пена, која му дава на овој топол пијалок посебен шмек.

За среќа, постои едноставно решение за ова. Можете лесно да направите кремаста пена со помош на микробранова печка во само два чекори.

 | Autor: Shutterstock

Еве ги чекорите подолу:

Ви треба сад со капак кој може да се користи во микробранова печка. Видот на млеко исто така игра важна улога. За да добиете побогат и поцелосен вкус, се препорачува да се користи полномасно млеко, односно млеко со минимум 2 проценти млечна маст.

Ставете го млекото во садот и загрејте го во печката околу една минута. Потоа добро протресете околу 30 секунди. Резултатот ќе биде густа пена, која дефинитивно ќе потсетува на онаа од кафулето. Откако ќе ја направите пената, време е да го подготвите капучиното. Измешајте го омилениот вкус на капучино со околу една децилитар топло млеко, па од горе ставете ја пената и украсете по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi