Фантастичен појадок за силен почеток на денот: Американски палачинки со јаболка и цимет!
Сите сакаат палачинки, а оваа поздрава и многу посочна варијанта сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки за две лица:
• 150 грама хељдино брашно
• 2-3 лажици кокосов шеќер
• 2 јајца
• 180 мл бадемово или кокосово млеко
• 1/2 лажичка сода бикарбона
• ванилин шеќер
• 50/60 грама ситно изрендано јаболко
• 1/2 лажичка цимет
• Кокосово масло
Подготовка: Во садот за мешање истурете брашно, шеќер, цимет и сода бикарбона. Во друг сад изматете ги јајцата со млекото, измешајте ги состојките од првиот сад и додадете ги ренданите јаболки и ванилин шеќер. Промешајте сè добро. На тава, загрејте го кокосовото масло и истовремено печете неколку помали палачинки (американските палачинки се подебели). Можете да ги послужите со домашен џем, парчиња сезонско овошје и јаворов сируп или крем од лешник.