Фатална грешка на многу готвачи: Ако го правите ова со пилешко, го ризикувате вашето здравје!

10 август, 20200
pilesko

Пилешкото е еден од најпопуларните видови на месо во многу домови, но многу домаќинки прават една грешка при подготовката, што може да биде опасно за здравјето.

Имено, пред да бидат „фрлени“ на печење, тие најпрво го мијат пилешкото под проток вода, верувајќи дека на овој начин ги отстрануваат бактериите од парчето месо.

Сепак, оваа практика е многу опасна! Мора да се прашувате зошто? Имено, додека го миете пилешкото, бактериите се шират со мијалникот и кујнските елементи, а можат да завршат и на вашата облека.

Затоа, експертите посочуваат дека единствениот безбеден начин за целосно уништување на бактериите е да се готви пилешкото на соодветна температура.

Минималната температура на вареното пилешко треба да биде 165 целзиусови степени

Готвачите не се согласуваат

Дури и професионалните готвачи не го делат истото мислење.

Познатиот готвач Џулија Чилд е поддржувач на миење на пилешкото, додека Ина Гартн истакнува дека не е потребно.

Кој е во право?

Зад мислењето на Гартн е науката, која го поддржува нејзиниот став, и покрај потенцијалните опасности од миење пилешко, навистина нема причина за таква пракса.

Ако сè уште сте еден од оние кои нема да се откажат од миење пилешко пред подготовката, обидете се да ги дезинфицирате сите површини правилно потоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi