Гаспачо со авокадо и спирулина

23 април, 2020
gaspaco

1 авокадо

½ лимон, свежо исцеден сок

1 краставица со средна големина

1 лимета, свежо исцеден сок

неколку ливчиња свежо нане или неколку гранчиња свеж коријандер

2 ½ лажици спирулина

сол

¼ лажица кајенски бибер

околу 3 дл вода

Измијте го авокадото, исечете го и отстранете ја коската. Од секоја половина од авокадото отстранете ја кората, па пресечете ги половините на помали парчиња.Парчињата авокадо натопете ги со лимоновиот сок.

Краставицата излупете ја, исечете ја по должина и со лажица отстранете ги семките. Исечете ја на мали парчиња. Авокадото и краставицата ставете ги во блендер и додајте го сокот од лимета. Измијте го свежото нане или коријандер и додадете го во блендерот. Врз сето тоа истурете 2 лажици спирулина, малку сол и кајенски бибер. Додадете ја водата и миксирајте додека не се направи убава супа.

Ставете го гаспачото во стаклени садови, па додадете ја и останатата спирулина.