Генијален зимски рецепт: ароматичен колач од морков и ѓумбир (РЕЦЕПТ)
Сега сè повеќе поминуваме време дома, па можеби е вистинското време да пробаме некој посебен рецепт. Овој колач од морков и ѓумбир дефинитивно треба да се најде на вашата листа! Ако сакате торта од морков, сигурно ќе ви се допадне ароматичниот „допир“ на ѓумбир. Покрај зајакнување на нашиот имунитет, ѓумбирот ѝ дава на тортата и пријатна лутина – совршено за зима! А рецептот е прилично едноставен…
Состојки:
500гр моркови
100гр кандирани парчиња ѓумбир
350гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
½ лажичка сода бикарбона
½ лажичка морска сол
150гр лешници
4 јајца
200гр шеќер
300мл сончогледово масло
1 лажица шеќер во прав
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Излупете моркови, измијте и ситно изрендајте. Ѓумбирот ситно исецкајте го. Добро измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, ѓумбир и моркови. Грубо исецкајте ги лешниците.
3. Изматете ги јајцата и шеќерот околу 5 минути за да формирате густа, кремаста смеса. Потоа полека истурете го маслото и матете уште една минута. Измешајте ја смесата од моркови во мешавината на шеќер и јајца и додадете ги исецканите лешници.
4. Ставете го тестото во намастен и набрашнет калап за куглоф (или кружен калап со дијаметар од 24 см) и печете го во рерна околу 45 минути.
5. Извадете ја тортата и оставете ја да се излади целосно на кујнска решетка. Потоа внимателно извадете ја тортата од калапот и посипете ја со шеќер во прав.