ГО СЛЕДИТЕ РЕЦЕПТОТ, НО НЕ СЕКОГАШ ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ ИСПАЃААТ ВКУСНИ И СОЧНИ? Тогаш сигурно правите некоие од овие грешки…

26 август, 2020
piperki-polneti-so-lekja-50517

Ако не сте секогаш задоволни со тоа како испаднале полнетите пиперки, можно е да правите една од овие мали грешки што радикално ја менуваат храната.

Секој има свој рецепт за полнети пиперки, но сепак има некои работи на кои треба да се обрне внимание при подготовката на истите. Дали некогаш ви се случило да не ви успеат, да не бидат толку сочни и вкусни како и обично?

Купувате погрешен вид пиперки

Најдобрите пиперки за полнење се бабури. Се разбира, можете да пробате и шила и други видови, но во тој случај ќе добиете сосема поинакво јадење од она кое традиционално го подготвуваат нашите мајки и баби.

Избирате погрешно месо

Иако секоја домаќинка има свој рецепт, за смесата најчесто се користи мешавина од мелено месо, ориз и кромид, а се додаваат зачини како што се мелен пипер, бибер, сол, магдонос и лук. Може да се додадете и јајце. Чистото говедско месо обично е премногу суво, па затоа се користи мешано мелено месо. Добар сооднос е 70:30 во корист на говедско месо. Во случај да сепак се одлучите за чисто говедско месо, најдобриот избор е месото од плешка. Некои готвачи додаваат и ситно исецкана сланина за да бидат сочни.

Не ги полнете пиперките на врвот

Откако ќе ја исчистите папката од семето, пополнете ја со смесата, но никогаш до врвот. За време на готвењето, оризот ќе отече, така што смесата може да испадне, а пиперките може да испукаат. Пипарката можете да ја затворите со домати или компири, бидејќи на тој начин смесата нема да испадне.

Додавате премногу запршка

Пиперките се меѓу зеленчукот кој потешко се вари, а ако на нив додадете маснотии од полнењето, како и многу запршки, постои ризик да зажалите што ќе изедете една повеќе. Полесната варијанта вклучува помали запршки или брашно измешано во вода, што исто така може да го згусти сосот.

Погрешен го подготвувате оризот

Ако одберете ориз со низок квалитет или го преварувате, резултатот нема да биде најдобар. Затоа е најдобро да додадете суров ориз во смесата или да го испржете кратко во масло или сало.

escort - Korsan taksi