Храна за душа: Њоки по рецепт на познат Париски ресторан

18 септември, 2020
1305868


Неодамна отворениот париски ресторан Cali Sisters го откри својот препознатлив куќен рецепт за ау гратин њоки со салса, моцарела и рикота што веднаш ќе ве расположи по напорниот работен ден.


Гратирани њоки за четири лица

Состојки

800 гр њоки

600 гр домати во конзерва во едно парче

200 гр шери домати

3 чешниња лук

1 лажица маслиново масло

1 лажичка оригано

1/4 лажиче кафеав шеќер

1 моцарела

150 гр сирење рикота

рендан пармезан и

грубо сецкани лешници

Gratinirani njoki

Подготовка

1. Додадете маслиново масло во вок и кратко пропржете го лукот (внимавајте да не го изгорите).


2. Додадете конзервирани домати во парче, шери домати, оригано и кафеав шеќер. Зачинете и оставете го сосот да врие на тивок оган околу 40 минути.

3. Варете ги њоките во зовриена вода две до три минути. Њоките се готови кога ќе излезат на површина.

4. Исцедете ги њоките и пренесете ги во сосот. Промешајте и префрлете го во сад за печење. Можете да користите една поголема или четири помали чинии како оние за лазања.

5. Одозгора додадете рикота и рендан пармезан и печете 15 минути во рерна загреана на 180 ° С.

escort - Korsan taksi