Идеален неделен ручек – пробајте ги овие два рецепти со мелено месо

17 мај, 20200
Swedish meatballs in a pan

Во време кога никој не сака да чека редици во продавници и месари ви предлагаме два рецепти со готово мелено месо.

Мусака од модар патлиџан – време на подготовка 50 минути

состојки за две лица:

  • 4 модри патлиџани
  • китка магдонос
  • 3 јајца
  • 400 грама говедско мелено месо
  • 2 црвени лука
  • 4 чешлиња бел лук
  • 5 домати
  • сол и бибер

подготвување:

модриот исечете го на парчиња и посолете го за да излезе од него горчината и испржете ги во грил тавва. Црвениот лук издробете го, а потоа и белиот, додајте го говедското мелено месо па сол и бибер, есецканиот домат и кога ќе испари тешноста додајте го и магдоносот. Во масен сад кој не лепи на дното ставете ги грилувание модри патлиџани па преку нив меленото месо со доматите и полијте го со маслиново масло за готвење, па потоа пак домати па месо и на крај додадете ги модрите и повторно полијте со маслиново масло. На крајот полијте со матените јајца.

Садот ставете го во загреана рерна на 250 степени, а после 10 минути намалете на 220 и печете додека не поцрвене. На крајот може да додадете по желба и сецкам магдонос.

Ќуфтиња во сос – време на подготовка 60 минути

состојкиза три лица:

  • 400 грама мелено месо
  • 1 главица црвен лук
  • 2 чешлиња бел лук
  • средина од леб
  • млеко
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка прачак за пециво
  • 200 рама презла
  • сол, бибер и суви зачини

состојки за преливот:

  • 300 мл јогурт
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол и бивер

подготвување:

Средината на лебот ставете ја во млекото и откако ќе го исцедите додатете го на меленото место и добро измечајте, Потоа додадете го црвениот лук, белииот лук и брачното за пециво како и сувите зачини и обликувајте ги ќофтињата. Изваклај те ги во презлата и пржете ги во масло. За преливот измечајте ги состојките и во нив додадете ги готовите ќофтиња.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *