Идеја за скара: на ражничот ставете нешто невообичаено!

1 мај, 2020
скара

Викендов е идеален за експериментирање со скарата. Доколку немате двор, скарата можете да ја подготвите на вашата тераса. Освежете го стандардното мени со овие сочни ражничи…

Состојки:

– 100 гр јогурт (3,5 % масленост)

– 1 лажица маслиново масло

– 2 лажици сок од лимон

– 1 лажица сушено оригано

– 1 лажица сушена мајчина душица

– 1 лажица мед

– сол и бибер

– 300 гр филе од пилешки гради

– ¼ ананас

– 1 главица црвен кромид

– ½ зелена пиперка

– ½ црвена пиперка

За сос:

– 1 млад кромид

– 200 гр полномасно свежо сирење

– 4 лажици млеко (3,8% масленост)

– 2 лажици сок од лимон

– 1 лажица кари

– сол и бибер

View this post on Instagram

Битката продолжува со еден од моите омилени рецепти. Повторно во соработка со @femina.mkd ви подготвивме еден егзотичен рецепти 🐥🍍🌶 👇👇👇 Кликнете на линкот во био @gotvime.so.tea и гласајте за мојот рецепт, пилешки ражничи со зеленчук и ананас 🙏 Потребни состојки: 🍍600 гр. пилешки стек 🍍2 големи црвени пиперки 🍍2 големи зелени пиперки 🍍1 главица црвен кромид 🍍Половина свеж ананас 🍍Вегета натур зачин за пилешко на @podravka.makedonija 🍍Масло за јадење 🍍Сол и црн бибер Начин на подготовка: Пилешкиот стек исецкајте го на поголеми коцки, зачинете го со вегета зачинот за пилешко и оставете го да се маринира најмалку 30 минути. Пиперките, кромидот и ананасот исецкајте ги на коцки, приближно големи колку пилешкото месо. Земете стапчиња за ражничи и почнете да ги боцкате прво парче црвена пиперка, па парче ананас, парче зелена пиперка, парче кромид, па парче месо. Така ги редите додека да го пополните стапчето и наредените ражничи ги печете на скара. Пет минути пред да ги извадите од скарата премачкајте ги со четка со сос од соја и мед и посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер. На здравје и уживајте. . . . #gotvimesotea #chickenrecipes #chickendinner #chickenpineapple #chickenlover #skewer #skewers #chickenskewers #chickenlover #chickenlove #chickensofinstagram #chickentikka #chickenlife #dinnerideas #bbqchicken #bbqtime #bbqlovers #bbqlife #vegetables #hawaiian #vegetableskewers #hawaiistagram #hawaiianfood #exoticfood #vegetablestew #храна #инстафото #инстафуд #инстаграмџики #инстаграмџии

A post shared by Готвиме со Теа ❤ (@gotvime.so.tea) on

Подготовка:

1. За ражничот најпрво помешајте ги јогуртот, маслото, сокот од лимон, ориганото, мајчината душица и медот и зачинте ги со сол и бибер.

2. Потоа исечете го пилешкото на коцки и ставете ги во садот со маринадата. Поклопете го садот и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа.

3. Во меѓувреме излупете ги ананасот и кромидот, исчистете ги пиперките и исечете ги сите на парчиња.

4. За сосот измијте го младиот кромид и исечете го на кругови. Измешајте ги сите состојки за сосот и зачинете со сол и бибер.

5. Запалете ја скарата.

6. Наизменично на стапчињата набодувајте пилешко, пиперка, ананас и кромид и печете ги на скара 3-4 минути со повремено вртење.

7. Послужете ги ражничите со сосот од кари и уживајте!

https://www.instagram.com/p/Bx3Iap6Hk9u/?utm_source=ig_embed