Има начин како да уживате во врнежливата ноќ: Маргарита со вкус на лубеница

11 јуни, 20200
koktel

Лубеницата е секако едно од најпопуларните летни освежувања.

Ако сакате коктели, маргарита со вкус на лубеница сигурно ќе стане еден од вашите омилени летни коктели.

Ако некој нè праша која е најпопуларната летна храна, повеќето дефинитивно би рекле дека е лубеница. Освежувачки, прилично здрав и исклучително ефтин продукт. Тоа е плод што повеќето луѓе го обожаваат. Сега ќе го сакате уште повеќе, затоа што ние ќе ви дадеме рецепт за вашиот нов омилен пијалок – маргарита со вкус на лубеница.

Состојки:

Сируп од лубеница:

2 чаши резанки лубеница без семиња

1 чаша шеќер

Сок од лубеница:

2 чаши резанки лубеница без семиња

½ чаши вода

Маргарита:

120 мл сребрена текила

120 мл сок од лубеница

6 мл сок од лимета

3 мл сируп од лубеница

Подготовка:

Сируп од лубеница:

Ставете го шеќерот во сад и загрејте на средна топлина. Додадете ја исецканата лубеница и промешајте додека не се раствори во шеќерот. Смесата се готви околу 5 минути и потребно е постојано мешање. Потоа се истура во чаша и чекате да се излади.

Сок од лубеница:

Во миксер измешајте вода и лубеница. Промешајте додека смесата не се изедначи и ставете во сад.

Последен чекор:

Во сад за коктел, шејкер, измешајте ја течноста, сокот од лубеница, сокот од лимета, сирупот од лубеница и мразот. Промешајте околу 30 секунди и истурете во чаши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi