Испечени макарони: омилен оброк за деца и возрасни ! (Рецепт, ВИДЕО)

18 јуни, 2020
221249_img-1366_ls

Состојки:

500гр макарони, 5 јајца, 200 мл јогурт, 3 лажици павлака за готвење, 250гр сирење, 3 кромидa, магдонос, сол, бибер, сирење

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете ги јогуртот и павлаката за готвење. Ставете го сирењето и убаво изедначете сè. Додадете ситно исецкан кромид, пипер, сол и бибер по вкус. Исецкајте свеж магдонос и додадете го на претходно полу-зготвените тестенини. Истурете ја мешавината во подмачкана чинија за печење и печете 30 минути на 200 степени. Непосредно пред крајот на печењето, посипете со сирење и вратете го да се допече. Пријатно!