ИЗНЕНАДЕТЕ ГИ ДОМАШНИТЕ СО ПУДИНГ ТОРТА, изобилство и задоволство во секој залак (РЕЦЕПТ)

26 октомври, 2020
puding-kolac-2_1000x0

Пудинг торта со кора од какао и ореви, а помеѓу двата фила какао петит бисквит кој ја надополнува комбинацијата

Состојки за корите:

6 цели јајца

6 лажици шеќер

150гр мелени ореви

1 полна лажица какао

5 лажици брашно

3 лажици масло

3 лажици ладна вода

5гр прашок за пециво иако може да се стави и цела ќесичка

Крем I и II

1л млеко

3 пудинг од ванила

5 лажици шеќер

150гр чоколадо (кое сакате, јас ставив 50гр млечно и 100гр чоколадо за готвење)

200гр маргарин

100гр шеќер во прав

200мл слатка павлака

80гр петит бисквити

Млеко за потопување на бисквитите

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Изматете ги белките, па постепено додавајте го шеќерот додека матите. Кога ќе добиете солидна пена, додадете ги жолчките, потоа вода и на крај масло, сè повторно со континуирано матење. На крај, измешајте ги оревите, брашното, какаото и прашокот за пециво и комбинирајте сè во маса без грутки. Истурете ја смесата во плех (30 х 20см) обложен со хартија и печете. Кога ќе ја ставите кората да се пече намалете на 180 степени.

Печете ја кората околу 20-25 минути. Допрете ја со дланка, лесно, кората е мека, но не е премногу мека за дланката да пропадне внатре. Внимавајте да не ја препечете, треба да остане мека. Допрете со дланка па тестирајте со чепкалка за заби.

Измешајте го пудингот со шеќер, па додадете малку ладно млеко и остатокот ставете го на среден оган да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, сварете го пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го од оган и истурете половина од пудинг во друг сад во кој ќе го скршите чоколадото и мешајте додека не се растопи. Покријте ги двата дела на пудингот со фолија за храна и оставете да се излади. Пенесто изматете го маргаринот на собна температура со шеќер во прав.

Изматете ги малку двата пудинга со миксер, па додадете по половина маргарин во едниот дел и половина во другиот и изматете. Изматете ја слатката павлака, а потоа додадете 2 полни лажици на секој дел и изматете повторно. Изладената кора исечете ја хоризонтално за да добиете две тенки кори (ако не сакате да ја исечете кората, можете да ја испечете во голем плех за рерна, а потоа да ја пресечете само на половина)

На кората, ставете еден цел фил, над него ставете ред пети бисквити натопени во млеко, па другиот цел фил и сè покријте со друга кора. Премачкајте ја тортата со остатокот од слатката павлака и оставете ја да отстои некое време.

Пријатно!

escort - Korsan taksi