ЈА ОТКРИВАМЕ ТАЈНАТА ЗА НАЈДОБРАТА РУСКА САЛАТА: ВЕДНАШ ќе го запишете овој РЕЦЕПТ, а тајната се крие само во ЕДНО!

31 декември, 2020
2421201_profimedia0171396403_ls-s

Новогодишната трпеза не може да се замисли без руска салата и секој љубоморно го чува својот најдобар рецепт од сите. Она што е многу важно за најдобрата руска салата и најголемата тајна е всушност точниот сооднос на количините на различни состојки што ги користите во салатата.

Состојки:

6 излупени варени компири,

еден или повеќе моркови по вкус,

4 варени јајца,

6 поголеми кисели краставички,

150 грама грашок,

половина чаша ситно сецкана шунка,

лажица свежо сецкан магдонос,

мајонез по вкус.

Подготовка:

Сварете компири, јајца, моркови и грашок. Ситно исецкајте ги сите состојки и истурете ги во поголем сад. Додадете мајонез и нежно мешајте ги состојките додека не се соединат. Додадете половина лажица магдонос во смесата, а салатата украсете ја со другата половина кога ќе ја послужите во сад.