Јафа колач апсолутен хит на интернет
Аматер готвачката Ванеса Касиди сподели рецепт за огромни Јафа бисквити на социјалните медиуми, кои брзо станаа хит. Имено, по паника над коронавирусот, со брашно, тоалетна хартија и квасец, големи количини на бисквити Јафа се продадоа и ширум светот, па не е ни чудо што многумина решија сами да ја печат оваа торта.
Ванеса го сподели својот рецепт на Фејсбук во групатаRate My Plate, а многумина и напишаа како на нив им испаднал.
Сè што ви треба за оваа торта е сто грама путер, шеќер и брашно, две јајца, една лажица прашок за пециво, желе од портокал и едно чоколадо за готвење или темно чоколадо.
Ако сакате сами да направите желе од портокал, ќе ви требаат пет грама желатин во лисја, два портокали, лажица шеќер и лажица цимет.
Прво, треба да ги измешате јајцата, путерот, шеќерот, брашното и прашокот за пециво,а добиеното тесто да го ставите во кружен калап и да се пече на 180 степени од седум до девет минути, или додека тестото не добие златна боја и меко на допир. Извадете го од рерната и оставете го да се излади.
Можете да направите свое желе од портокал со растворање на желатин во сад со ладна вода. Во меѓувреме, додајте две лажици шеќер и цимет во заладениот сок од два портокали и оставете да зоврие. Намалете ја топлината и вријте го 5 минути. Откако огнот е изгаснат, додадете го желатинот, измешајте добро и оставете го да се излади. Ставете желе во средина на бисквитот, оставајќи ги рабовите празни.
Растопете го чоколадото и истурете го по целата торта. Оставете ја тортата да се излади.