Јапонска торта со само 5 состојки што не се пече: Невообичаена, но сепак привлечна и вкусна!

11 април, 2020
japonska torta

Овој рецепт сигурно ќе го привлече вниманието на сите дома!

Јапонските готвачи блогери тврдат дека оваа необична торта од далечниот исток има одличен вкус. Рецептот го сподели корисникот на Твитер Tsunekawa.

 Состојки:

  • овошен сируп (во неколку бои или вкусови)
  • млеко
  • кристален шеќер
  • вода
  • агар (веганска замена за желатин)

Подготовка:

Чекор 1:

Во тенџере измешајте 4 грама агар во прав, 150 мл вода и 60 грама кристален шеќер.

Загрејте ја смесата до вриење, а потоа извадете ја од плочата за готвење.

Чекор 2:

Додадете 300 ml млеко во смесата.

Откако добро ќе ги измешате состојките, ставете ја смесата во саканиот калап, а потоа оставете ја да се лади.

Чекор 3:

Во посебен тенџере, повторете го чекор 1.

 Чекор 4:

Додадете 300 ml вода и 20 ml овошен сируп во смесата кој е што е можно посветол.

Добро промешајте ги состојките и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.

Чекор 5:

Повторете ги чекорите 3 и 4, но овој пат додајте овошен сируп со различни вкусови и бои.

Чекор 6:

Откако сите мешавини ќе се изладат и зацврстат (ова трае околу 30 минути) извадете ги од фрижидер.

Исечете го обоениот желатин на коцки и послужете ги на подлога од млечен желатин што служи како основа на оваа торта.

Уживајте!