Кафе со шлаг: Кремасто чудо кое стана вирален хит за време на карантинот ?

3 април, 20200
kafe

Ова вирално видео на кое се гледа како се прави кафето „Dalgona“, досега го имаат изгледано над 4 милиони луѓе.

Сè повеќе луѓето по дома „играат“ со блендерот за да го добијат најкремастиот пијалок …

„Dalgona“ е кремаста сензација од само три состојки: инстант кафе, шеќер и вода. Состојќите се мешаат се додека не добиете густа пена, која потоа треба внимателно да ја истурите во чаша млеко.

Овој примамлив рецепт стана популарен благодарение на социјалните мрежи. На пример јутуберот „ddulgi’s“ има над 4 милиони прегледи и немилосрдно собира нови обожаватели  со помош на овој рецепт :).

„Името на ова популарно кафе доаѓа од корејски слатки кои се јаделе во 1980-тите“, како што забележал актерот Јунг Ил-Ву. Тој го популаризирал „шлаг кафето“ кога се појавил во една телевизиска емисија на почетокот од годинава, коментирајќи дека пијалокот има носталгичен вкус на слатко од детството.

Со појава на корона вирусот и препораките да останеме во нашите домови, ова кремасто чудо стана вирален хит.

Пената освен од кафе, можете да ја подготвите и од какао или инстант мешавина за топло чоколадо.

Состојќи:

  • 2 лажички инстант кафе
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажици топла вода
  • 1 чаша млеко

Подготовка:

1. Во сад измешајте кафе, шеќер и топла вода и мешајте 3-5 минути или додека смесата не стане кремаста.

2. Истурете го млекото во чаша, додадете неколку коцки мраз и додадете го кремот за кафе.

3. Сликајте и поставете ја сликата на социјалните мрежи. 🙂

Наздравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi