Како да ги натерате децата да јадат зеленчук: Џејми Оливер објави КАРАНТИНСКИ РЕЦЕПТ кој родителите мора да го знаат!

30 април, 2020
recept

Познатиот британски готвач е горд татко на пет деца и понекогаш мора да ги користи сите свои вештини и кулинарски трикови за да ги задржи своите малечки здрави.

Џејми Оливер (44) сподели рецепт на Инстаграм што го нарече „идеален за дождлив ден“. Тој објасни дека станува збор за рагу сос што може да се замрзне и да се користи кога децата ќе посакаат шпагети  или лазања.

Оливер додава дека овој сос е многу лесен за подготвување и е доста економичен, посочувајќи дека е одличен начин да го ”подметнете” зеленчукот во исхраната на децата.

This image has an empty alt attribute; its file name is 290817_profimedia0515665444_ff.jpg

Овој рецепт е за седум лица.

Состојки: 

  • 2 гранки рузмарин
  • 100 грама пушена сланина
  • 1кг мелено говедско месо (може да се замени со половина килограм леќа)
  • 1кг мелено свинско месо
  • 2 главици кромид
  • 4 моркови
  • 4 гранчиња целер
  • доматно пире
  • 4 лименки пелати
  • 1л вода, повеќе по потреба

Подготовка:

Исецкајте рузмарин и сланина, потоа сите зеленчуци.

Истурете лажица маслиново масло и ставете ја тавата да се загрее, а потоа ставете рузмарин и сланина. Додадете говедско месо (или леќа), потоа свинско месо и добро измешајте.

Мешајте десет минути, потоа додадете го исецканиот зеленчук, па продолжете со мешање уште десетина минути.

Додадете две лажици доматно пире и пелати. Потоа додадете ја водата и оставете да крчка на ниска температура помеѓу еден и два часа.