Како да го направите лебот да изгледа како милион долари: Инстаграм ве учи како да го декорирате лебот!

25 септември, 2020
ЛЕБ

На Инстаграм се појави видео во кое можете да видите како да украсите леб за да изгледа како милион долари!

(ВИДЕО)

Според некои истражувања, печењето леб е најпопуларното хоби меѓу луѓето кои се принудени да останете дома поради неодамнешните настани. Меѓу нив е и Клифорд Лу, поранешен слаткар, кој главно се занимавал со свадбени торти. Бидејќи бизнисот малку се „исуши“ во последно време, Клифорд реши да ги примени своите вештини во филигранско сликање колачи и на леб. Оттогаш, стана вистински хит на Инстаграм, каде што редовно поставува упатства за постигнување обрасци на кориците за леб. Тој за своите ремек-дела користи многу невообичаени алатки, меѓу кои е и забен конец!

Погледнете ги ремек-делата со насликан леб и тесто на видеото на почетокот на овој текст.

Што мислите за оваа идеја?