Како да направите бурито со месо и кашкавал: Совршен неделен ручек, а ќе се изненадите колку брзо се подготвува

13 декември, 2020
burito

Бурито со месо е омилено јадење во областа на Шпанија, но и низ целиот свет – кој ја испробал оваа брза храна, секогаш се враќа на неа.

Лесно е да се подготви дома, има само неколку состојки, кои можат да бидат конзервирани или замрзнати, запомнете, ова е брза храна! Клучот е во мешавината на зачини што можете да ја најдете во продавниците.

Состојки:

Шест тортиљи

300 грама мелено говедско месо

150 грама конзервиран црн грав

Зачин за такос

200 грама варен ориз

200 грама замрзната пченка

Кашкавал

Подготовка: Подгответе го месото заедно со зачините, а доколку е потребно додадете малку вода – не треба да биде премногу течно за бурито да биде крцкаво. Сварете ја пченката и исцедете го гравот.

Загрејте ја рерната и поставете мал плех со хартија за печење. Наполнете ги тортиљите прво со месо, потоа со ориз, грав, пченка и на крај изрендајте кашкавал над сè. Внимателно завиткајте ги цврсто, и наредете ги во плех така што преклопениот дел да биде на дното. Печете додека не порумени и послужете веднаш. По желба сервирајте со кисела павлака, гвакамоле или сецкан кромид и домат.

escort - Korsan taksi