Како да сте на море: Лепчиња со димен лосос за совршен ден

9 јули, 20200
losos

Доколку немате идеја за вкусна закуска, лепчиња со димен лосос се совршено решение за вкусен и хранлив оброк. Ова е совршен избор не само за појадок, туку и ако имате ненајавени гости.

За подготовка не ви се потребни повеќе од 15 минути.

Потребни ви се:

  • 6 парчиња тост леб
  • 100 гр или 6 филети димен лосос
  • 30 гр путер
  • 80 гр крем сирење
  • 1 лажичка рен
  • 2 лажици рендан пармезан
  • зачини
  • сол и бибер по вкус
  • 1 чешне лук
  • 1/2 лажичка зачин
  • малку рукола
  • малку кромид

Подготовка:

Прво, малку загрејте го лебот, а потоа премачкајте го со путер и ставете го во тостер. Посипете со зачини. За да го направите тостот крцкав од сите страни, најдобро е да го чувате на жицата додека се лади.

Во меѓувреме, измешајте го крем сирењето, ренот, ситно сецкан лук, анасон, сол и бибер.

Ставете од смесата на парчињата леб, а потоа ставете филе од димен лосос над секое од нив. Посипете со крцкав кромид и додајте ја руколата и послужете.

Уживајте во прекрасен, крцкав и здрав оброк!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi