Канелони со печурки

16 април, 2020
Chicken-Cannelloni-Margherita-00001

Состојки

-1 пакување канелони(околу 15 парчиња)

-600 гр печурки

-0,250 л павлака

-0,100 л доматно пире

-100 гр кашкавал

-1 млад кромид

-0,50 гр црни маслинки

Канелоните се варат во голем сад додека не омекнат.Во меѓувреме,печурките се пржат на маслиново масло.После 15 мин пржење,се  додава младиот кромид исецкан на ситни парчиња,се додава и вегетата,босилекот и на крај маслинките.

Целата смеса се меша па се додава павлаката.

Канелоните се полнат со смесата и се редат во тава премачкана со путер или масло. Се наросуваат рендан кашкавал,а врз кашкавалот се налива доматното пире.На крај се наросува пармезанот.Канелоните се печат на 200 С околу 25 мин.