КИКИРИКИ МИНИОНИ СО МЛЕЧНО ЧОКОЛАДО: Брзо и лесно за подготовка! (РЕЦЕПТ)

Овој десерт ќе ве воодушеви затоа што е многу лесен за подготовка, а неговиот вкус е ненадминлив!
Состојки:
250гр бисквити
150гр кикирики
¼ маргарин
8 лажици шеќер
2,5дл млеко
100гр млечно чоколадо
1 лажица масло
Подготовка:
Ставете ги млекото, шеќерот и маргаринот да зовријат. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити и изблендирани кикирики. Сè добро соединете и измешајте. Ставете фолијата на послужавник или даска и со сукало раширете ја топлата смеса до дебелина од 2 см. Ставете го во фрижидер да се излади и оставете го да отстои најмалку два часа.
Извадете и исечете ги краевите така што ќе биде рамно од сите страни, па исечете на коцки. Растопете го чоколадото со маслото и измешајте добро. Земете чепкалка за заби и натопете ја во чоколадо. Прободете една коцка и натопете ја во чоколадото. Потоа забодете ја чепкалката во стиропор за да нема отпечатоци од прсти.
Можете да посипете бело чоколадо одозгора ако сакате.