Кој би можел да им одолее? Корпички со сланина и моцарела

31 август, 2020
корпички

Ако сакате да јадете нешто многу вкусно, а да не изгубите многу време во подготовка на оброкот, овие корпички се токму тоа што ви треба.

Ќе добиете здрав појадок, кој ќе ве држи сити долго време.

Овие корпички се идеални за секоја прилика, па можете да ги подготвите и за гости, или како предјадење за било која прослава.

Состојки:

по потреба кора за пита

10 парчиња сланина

100 гр кашкавал или моцарела

4 јајца

неколку лажички домат пелат или кечап

по желба сол, бибер, оригано

по желба маслиново масло

Подготовка:

Исечете ги корите на квадрати, па ставете ги во калап за мафини кои се претходно добро подмачкани. Се ставаат 4 квадрати во секој калап, малку се премачкува со масло, па се ставаат лажица-две пелат или кечап.

Со сланината се покриваат страните на секој калап, во средината се става моцарела или изрендан кашкавал по желба, се додава малку оригано и на крајот се става по едно јајце.

Се пече неколку минути во претходно загреана рерна. Времето на печење зависи од рерната и од тоа како сакате да бидат јајцата испечени, отприлика 7-10 минути. Се сервира со салата или прилог по желба.

escort - Korsan taksi