КОЈ БИ ОДОЛЕАЛ НА ОВА: Солени палачинки со сланина (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

5 октомври, 2020
palacinke-sa-slaninom

Ако сте расположени вечерва за нешто што ќе ги нахрани сите ваши сетила, палачинките со крцкава сланина се вистинскиот избор. Можете да ги подготвите во слатка или солена верзија, а на вас е да го изберете рецептот кој најмногу ви се допаѓа.

Иако обете варијанти се американски палачинки, ако сте повеќе љубители на домашни, тенки, сè што треба да направите е да направите обична смеса за палачинки, а прво да фрлите неколку парчиња тенко исечена сланина врз тавата. Свртете ја додека не стане крцкава, а потоа прелијте со смесата за палачинки. Печете ги додека не поруменат, секако со задолжително вртење.

View this post on Instagram

#pancakemaster #pancakes #topchef #bacon #pancakebacon

A post shared by gerben (@gerben.z1000) on

1 полна чаша брашно

2 лажици шеќер

1 1/2 лажички прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

1/2 лажиче крупна сол

1 1/4 чаши млеко

2 лажици несолен путер, стопен

1 големо јајце

8 парчиња сланина

Јаворов сируп, (по избор)


Подготовка: Прво треба добро да ја загреете рерната, а потоа вклучете ја на 200 степени. Прво измешајте ги цврстите состојки во едниот сад, и стопениот путер и јајцето во другиот, а потоа додадете го млекото. Во сад со брашно, истурете ги течните состојки и мешајте цело време за да не се формираат грутки. Во меѓувреме, ставете ја сланината на добро загреана тава, без додавање масло , и пржете ја додека не стане крцкава. Извадете ја на хартиени крпи за да го впиете вишокот маснотии. Истурете ја смесата во добро загреана тава , а одозгора ставете парче сланина. Печете околу 2 минути, додека тестото не порумени, со задолжително вртење. После тоа, извадете ги од тавата и наредете ги во плех, и над нив ставете алуминиумска фолија. Не вршете премногу притисок. Печете во рерна уште неколку минути додека не зарумени целосно. Ако сакате, можете да ги покриете со маснотии од сланина, што ви останува во тавата.