Која е тајната на Меланија Трамп? Напиток кој го намалува апетитот, желбата за слатки и го забрзува слабеењето!

6 мај, 20200
Melania-Trump

Меланија откри мал трик со кој ја одржува нејзината совршена линија.

Со оглед на тоа дека е поранешна манекенка, не изненадува што Првата дама ги знае сите мали трикови за одржување на витка линија. Иако ја напушти својата кариера во манекенство пред скоро 2 децении, нејзината линија е сепак совршена и кога има 50 години.

Откривме дека тајната за одличен изглед на Меланија Трамп е едноставна навика која секој од нас може да ја примени.

Иако Меланија се грижи за својот изглед, таа потенцира дека не оди во крајност: „Јас живеам здрав живот, се грижам за мојата кожа и своето тело, но не претерувам со ништо“.

Таа вели дека нејзината совршена линија се должи на напивката со која го започнува секое утро. Смути од нејзините омилени состојки кое и дава доволно енергија во текот на целиот ден и ја одржува сита долго време. Овој пијалок е одличен во контролирање на вашиот апетит, како и при започнување на процесот на слабеење заради неговите состојки.

 Покрај тоа, секогаш кога и почувствува глад или потреба за благо, таа ја прави оваа напивка. „Кога чувствувам потреба од благо, ја консумирам оваа напивка и тогаш таа желба заминува. Неверојатно е корисна кога станува збор за овие ситуации“, рече таа.

Ова е тајната на Меланија Трамп

Состојки:

  • Свеж спанаќ
  • Целер
  • Морков
  • Боровинки
  • Јаболко
  • Цеден портокал
  • Цеден лимон
  • Јогурт со малку маснотии
  • Неколку капки маслиново масло
  • Чии семе
  • Витамин Д во капки

Ставете ги сите состојки во блендер додека не се изедначи и пијалокот е подготвен за консумирање.

Што се однесува до остатокот од денот, таа се обидува да јаде многу овошје во текот на денот, бидејќи е богато со витамини и минерали, вклучително и фолат, витамин Ц, калиум и  растителни влакна, што може да помогне во одржување на здрави црева. Светската здравствена организација препорачува да се јаде најмалку 400гр на ден за да се намали ризикот од сериозни здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања, мозочен удар и некои видови на рак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi